Две пензионерки на пат околу светот за 80 дена ги посетија сите континенти за нивните 80-ти родендени

Сенди и Ели пензионерки од Тексас пред нивните 80.роденедни решиле да одат на пат околу светот за 80 дена. Годинава тргнале на пат и ги посетиле сите седум континенти, а наскоро треба да се вратат дома.

Инспирирани од книгата „Пат околу светот за 80 дена“ на Жил Верн, две жени на 81-годишна возраст решиле да го посетат секој континент на Земјата, за 80-тина дена.

Сенди Хазелип и Ели Хамби се запознале пред повеќе од 20 години, кога и двете биле на патување во Замбија. Ги зближила желбата за авантура ги зближила. Пред 80-тиот роденден, Сенди ѝ предложила на Ели да го пропатуваат светот за 80 дена исто како во популарната книга на Верн.

На 11. јануари 2023, тргнале на пат. Од Тексас, каде што живеат тргнале накја Антарктикот.

Оттаму тргнале кон Велигденските Острови, а потоа сакале да одат во Перу. Но, поради политичката ситуација во државата, го смениле планот и се упатиле кон Аргентина.

Потоа го посетиле Мадрид,  а отишле и во Финска за да ја видат поларната светлина.

Следно ја посетиле Индија, па Непал, а летале и над Монт Еверест. Дотогаш, дете другарки имале на 34 авионски летови. Отишле и во Јапонија, па во Бали, а моментално се наоѓаат во Австралија.

Нивното патување ќе заврши деновиве. Велат дека се пресреќни не само за авантурата, туку дека можеби ќе бидат инспирација и за други луѓе да тргнат на слично патување.

Scroll to Top