Двојникот на Илон Маск рече дека ќе му одел на гости по купувањето на „Твитер“

Двојникот на најбогатиот човек во светот кој потекнува од Кина, рече дека ќе одел да го види Илон Маск, откако овој го купи „Твитер“ за 43 милијарди долари. Кинескиот Маск деновиве повторно се најде во центарот на внимание откако на својот профил го покажа симболот на „Твитер“.

Тој ја објави сината птица, знакот на социјалната мрежа и рече дека ќе одел да го посети Маск затоа што го чувствувал како брат.

„Ова е слободна птица. Илон ми се допаѓа и сега одам кај него, затоа што тој е мојот брат“, рече кинескиот двојник, кој за кратко време на видеото собра преку 2,8 милиони прегледи.

@mayilong0 This is a free bird. I like him and I’m going to go to him right now. Because Elon Musk is my brother#elonmusk #tesla #twitter ♬ dance(256762) – TimTaj


Фановите почнаа да му пишуваат смешни коментари, а некои од нив му објаснија дека тој е сега човекот кој го поседува „Твитер“ и птицата на неговата кола.

„Те молам ослободи ја сега. Откако го купи „Твитер“ сега изгледаш малку поинаку. Сè во врска со кинескиот Илон Маск ми изгледа подобро од она на вистинскиот. Едвај чекам да видам што ќе направи следно“, му напишаа некои од нив.

Двојникот на Маск стана вирален минатата година кога обајви видео на Тикток на кое стои покрај автомобил, однесувајќи се исто како основачот на „Тесла“. Многмина беша шокирани од неверојатната сличност, а некои тврдеа дека на видеото е Маск, но е обработено со „Дипфејк“ технологија.

„Дипфејк“ подразбира на реален начин да се вметне нечие лице на нечие тело.

„Тој личи на Илон Маск повеќе отколку што самиот Маск личи на себе“, рече тогаш еден од неговите фанови.

На ваките коментари се надоврза и самиот Маск, кој почна да го следи неговиот кинески двојник на социјалните мрежи. Тој ја коментираше големата сличност и рече дека можеби дел од него потекнува од Кина, иако неговиот татко е од Јужна Африка, а мајка му од Канада.

Scroll to Top