„Ејч-би-о“ спрема продолжение на „Игра на тронови“, а приказната ќе се фокусира на Џон Сноу. Прдуцентите велат дека Кит Харингтон најверојатно ќе ја репризира улогата што го прослави. Серијата за сега нема име.
Според „Холивуд рипортер“, дејството би се случувало по настаните во „Игра на тронови“,а тоа значи дека би се проширил светот од книгите на Џорџ Р. Р. Мартин и би се отвориле нови поглавја од приказната за која се мислеше дека е завршена. Мартин сè уште не завршил со пишувањето на своите книги и фановите веќе 11 години ја чекаат шестата од предвидените седум книги.
По завршувањето на „Игра на тронови“ во 2019 година, Ејч-би-о потврди дека ќе се снимаат неколку серии во кои дејството би било пред времето на „Игра на тронови“. Серијата за Џон Сноу би била прва која би се водела како продолжение.
Првата од најавените серии е „Куќа на змејот“, која ќе има премиера на 21 август и се случува 200 години пред „Игра на тронови“.