Европски градови со најскапа кирија, во еден цената достигнува над 3.000 евра

Трошоците за живот во Европа варираат од место до место – во некои градови можете да потрошите половина месечна плата на вечера, додека во други шише пиво ќе ве чини помалку од евро.

Сепак, киријата обично е прилично добар показател за тоа колку е скап еден град, а новото истражување открива кои дестинации во Европа имаат најголеми трошоци.

Врз основа на податоците од Euronews и Rightmove, просечната кирија во Лондон порасна на неверојатни 3.220 евра месечно – 2,5 отсто повеќе од минатата година, пишува TimeOut.

На второ место е Амстердам, каде, месечната кирија за еднособен наместен стан чини 2.275 евра. Холандските градови се истакнати на оваа листа, а меѓу првите 10 се Ротердам, Хаг и Утрехт.

Најскапите градови за кирија во Европа:

Лондон: 3.220 евра

Амстердам: 2.275 евра

Рим: 2.000 евра

Париз: 1.862 евра

Ротердам: 1.795 евра

Хаг: 1.790 евра

Минхен: 1.770 евра

Утрехт: 1.746 евра

Текстот Европски градови со најскапа кирија, во еден цената достигнува над 3.000 евра е превземен од МАКФАКС.

Scroll to Top