Еден од најгледаните филмови на сите времиња „Титаник“ кој е снимен по вистинска приказна, потона на 15 април 1912 година. Се верувало дека овој брод не може да потоне, но бродот додека пловел удрил во санта мраз и потонал, при што во оваа бродска несреќа загинаа 1.517 патници и членови на екипажот.
Дел од занимливостите кои се споделуваат за оваа филмска приказна се дека со парите кој ги заработи истоимениот филм од 1997 година би можеле да се направат четири ипол нови бродови како „Титаник“.
Актерот Леонардо Дикаприо бил избор на режисерот Џејмс Камерон, но не и на неговите продуценти. Тие сакале главната улога да ја добие Метју Меконахи.
Бабата Глорија Стјуарт била единствената личност која работела на филмот „Титаник“, а која била жива кога оригиналниот „Титаник“ отпловил во 1912 година.
Кејт Винслет не сакала да носи опрема за нуркање под гардеробата за време на снимањето на сцените на море. Тоа не ѝ била паметна идеја, бидејќи потоа добила пневмонија.
Сите цртежи на кои Џек (Дикаприо) работи во филмот, ги нацртал Камерон. Дури и кога во филмот гледаме како Џек црта додека камерата се фокусира на неговите раце, тоа повторно е Камерон.