ФИФА забрани витешка облека за англиските навивачи во Катар

ФИФА им забрани на англиските навивачи да носат витешка облека на натпреварот меѓу Англија и САД, што според неа може да биде навредливо за арапските фудбалски навивачи и муслиманите.

Групата на поддржувачи Kick It Out, која се бори против дискриминацијата, исто така ги советува фановите да не носат ваков тип  облека. Крстоносните војни потсетуваат на верските војни од средниот век што христијанскиот свет ги водел против муслиманите во Светата земја.

На навивачите облечени во кошули со синџир со пластични мечеви и штитови со крстот на Свети Џорџ им беше кажано дека нема да им биде дозволено да влезат на стадионот Ал Бајт во Ал Хор, северно од Доха, објави „Тајмс“.

Во Kick It Out проценуваат дека ваква навивачка опрема не е добредојдена во Катар и другите муслимански земји. Тие потсетија и на предупредувањата на британското Министерство за надворешни работи упатени до навивачите дека при посетата на Катар треба да се запознаат со локалните обичаи и дека ваквото навивање во никој случај не значи почитување на локалните обичаи.

Scroll to Top