По шокантното интервју во кое рече дека ќе умре, некогашниот светски шампион во бокс Мајк Тајсон е снимен во инвалидска количка. Тајсон се врати пред две години повторно во рингот каде боксуваше со Рој Џонсон. Рече дека сакал да покаже дека сѐ уште е во форма.
Сепак по овој меч, неговото здравје драстично се влоши. Тој последен пат бил виден во инвалидска количка на аеродром во Мајами. Устата му беше покриена со крпа, па голем број од фановите коментираа дека неговото здравје е влошено.
Тајсон веќе некое време го мачи ишијас и поради тоа во 2020 година две недели ги мина во кревет. Тој период не можел да станува и да ги врши секојдневните активности, рече извор близок до него. За потсетување, поради проблемите со долниот дел од грбот, ја заврши и кариерата.
Претходно беше фотографиран и со патерици. Интересно е што во последното интервју тој рече дека се плаши за иднината и мисли дека нема уште долго да живее.
„Се разбира дека еден ден сите ќе умреме. Но, јас во последно време ќе се погледнам во огледало и гледам некои дамки на моето лице кое претходно ги немав. Си велев дека ми се ближи крајот, дека наскоро ќе умрам“, рече Тајсон.