(Фото) Маж во знак на протест се соблече гол пред Музејот на градот Загреб и ги чекаше претседателот и политичарите да му го бакнат задникот

Синиша Лабровиќ од Загреб вчера се соблече гол и застана пред Музејот на градот Загреб. Два часа ги чекаше претседателот и политичарите да дојдат и да му го бакнат задникот. Објасни дека на тој начин сакал да го изрази својот револт кон оштеството.

„Станува збор за перформанс со наслов ‘Почитуван господине претседателе, може да ми го бакнеш задникот’“, рече Синиша кој дојде точно во шест часот попладнето и ги соблече панталоните и гаќите и во војнички стил се сврте и застана мирно кон музејот.

На половина од задникот имаше тетоважа, а на грбот му пишуваше I Was Here, S. Labrović, пренесе Јутарњи лист.

Претседател, како што објасни Лабровиќ, овде се појавува метафорично, намерно во машки род и дека тоа се однесувало на сите водачи, на државата, градовите, окрузите, министерствата, институциите и организациите.

Овој ритуален симболичен чин Синиша му го посвети на својот пријател, новинарот  Владимир Матијаниќ, кој почина во Сплит на 6 август минатата година како последица на болест поврзана со ковидот. Случајот доби голем медиумски публицитет поради бројните поплаки за несовесно постапување и одбивање да му се пружи соодветна медицинска помош.

На јавната покана од Лабровиќ пишувало дека ќе ги чека политичарите со спуштени гаќи и чист задник.

„Почитуван господине претседателе, дозволете ми да ви се обратам и да ве поканам на заеднички настап. Вашите придонеси за севкупниот просперитет на Република Хрватска се бесценети. Образованието, економијата, спортот, политиката, демографијата, науката, уметноста, општеството, целокупниот наш живот без вашиот труд, знаење, пожртвуваност и несебично лидерство не би биле блиску до ова високо ниво. Не е неопходно да сте биле или да сте претседател на Републиката или на Владата, на Академијата, на Собранието или на Уставниот суд. Доволно е да се биде претседател на здружение, политичка партија, одбор на директори, на градски совет, на некој совет, дури и на куќен совет, за да бидете поканети да ми се придружите овде во овој перформанс. Претседател се мисли некако метафорично, па затоа сте поканети и како градоначалник, министер, директор, гувернер, епископ, особено ако во длабочините на душата чувствувате дека ве води духот и идеја за зборот претседател“, стои во поканата.

Лабровиќ рече дека со неговиот перформанс очекува да предизвика големи промени во оштеството.

„Нескромно верувам дека со вашето учество во претставата што ви ја нудам би постигнале подеднакво ехо и пример во световната сфера на животот. Затоа понизно ве замолувам со отворено срце да дојдете да ми го бакнете задникот, кој ќе ви биде изложен и достапен за чин на љубов и скромност во Музејот на град Загреб. Така, со вашето учество во претставата „Почитуван господине претседателе, можеш да ми го бакнеш задникот“, имаме можност да создадеме нешто епохално, се осмелувам да се надевам“, им порача Лабровиќ во пораката.

Лабровиќ претходно за Јутарњи појасни дека се работи за дело од серијалот „Фрезе“.

 

Scroll to Top