(Фото) Наезда на диви свињи слободно се шетаат и ги исплашија граѓаните на Загреб

Наезда на диви свињи ги исплаши граѓаните во Загреб во Хрватска. Биле видени во близина на основното училите Боровје покрај главниот пат во Максимир. Случајни минувачи кои ги снимиле велат дека се шокирале кога ги виделе.

„Додека го шетав моето куче во Боровје ги видов во дворот на основното училиште. Па, тоа беше вистинско стадо. Најмалку седум од нив“, рече еден од нив.

Покрај Максимир, биле видени и во местата Равнице и Пречко.

„Мене ме интересира како поминаа толку долг пат од Пречко до овде, без никаква контрола, да не патувале со трамвај“, рече Сандра чие маало го посетиле дивите свињи.

Сандра Кристина вели дека изгледот на градот и ѓубрето е причината што свињите дошле и дека надлежните треба што поскоро да реагираат.

„Имаме проблем со ѓубрето, а и тревата беше исечена дури минатата недела, остатоците од гранките од невремето се уште се таму, ѓубрето ни мириса страшно, што претходно не беше случај. Мислам дека токму тоа е проблемот, зошто свињите доаѓаат освен за храна“, вели Кристина.

Стручниот менаџер на Парк Максимир Саша Баниќ рече дека најверојатно во моментов се во миграција и дека најверојатно се работи за една група. Причината е веројатно потрагата по храна. Како што вели, тие јадат се. Колку што видел во видеата на читателот, во стадото нема младенчиња.

„Ќе ги заспијат и ќе ги вратат таму каде што им е местото. Градот веројатно ќе ја ангажира Зоолошката градина или некој да ги успие и да ги врати таму каде што вообичаено шетаат слободно, рече Баниќ.

 

 

 

 

 

 

 

 

Scroll to Top