Македонскиот одбојкар Александар Љафтов на престојното Европско првенство кое ќе се одржи во Скопје, ќе настапи со специјално дизајнирана опрема. Ќе игра со патики на кои се напишани делови од македонската химна ѝ е нацртано македонското знаме.
Љафтов кој ќе биде еден од главните адути на македонската репрезентација, објави фотографии со новите патики. За потсетување, Македонија во среда го почнува настапот на Европското првенство во салата „Борис Трајковски“, а противник ќе ѝ биде селекцијата на Данска.
View this post on Instagram