Сопругата на претседателот Пендаровски, Елизабета Ѓоргиевска ги посети децата од едукативниот центар „Мали пријатели“ во Шоуто Оризари, заедно со Христијанскиот центар 490 и Ретвитни оброк.
Таа раскажа дека е воодушевена од посветноста вработените и волонтерите, но и дека имала прекрасна дружба со децата од дневниот едукативен центар „Мали пријатели“.
„Ми ги покажаа нивните боенки и игрите кои најмногу ги сакаат. Неизмерно сум им благодарна за прекрасното претпладне, за прегратките и насмевките, како и за креативниот подарок што самите го направија. Насмевки, детски погледи полни со топлина и многу прегратки за благодарност од дечињата со кои денеска се дружевме во Шутка“, напиша Ѓоргиевска.