(Фото) Рудар, по завршувањето со смената на работа, веднаш го однел синот на кошарка, не се ни истуширал за да не пропуштат од натпреварот

Фотографијата од рударот Мајкл Мекваер со син му Истон, на кошаркарски натпревар стана хит во САД. Мајкл го однел синот на кошарка одма по смената на работа. Немал време да се истушира за да не задоцнат на мечот. Фотографијата е направена на натпреварот на Кентаки Вајлдкетс во американската колеџ кошарка.

Ја објавил легендарниот тренер на Вајлдкетс, Џон Калипари.

„Американскиот сон на моето семејство почна во Клаксбург, во рудникот за јаглен, така што оваа фотографија многу ме потсеќа на мојот дом. Она што ми го кажаа е дека овој човек по својата смена брзал дома за да го земе син му ѝ да го однесе на натпревар. Не знам кој е, но имам спремни ВИП влезници за него и неговото семејство“, напиша Калипари на Твитер.

Медиумите пренесоа дека Мајкл работи во рудникот за јаглен кај Апалачиан. Тој брзал од работа да стигне да го однесе син му на првиот кошаркарски натпревар. Неговата сопруга Моли објасни дека Мајкл ѝ се јавил по работа и објаснил дека нема време да се тушира за да не го пропуштат првото полувреме.

„Се слушнав со него кога ми се јави и ми рече дека нема да има време да се истушира зошто ќе пропушти голем дел од мечот со Истон. Купивме карти за да го гледаме овој натпревар, тоа беше прв Колеџ дуел во Кентаки на кој Истон некогаш присуствувал“, рече Моли.

Мајкл објасни дека имал избор. Или одма да отидат на мечот или да го пропуштел целото прво полувреме.

 

Scroll to Top