(Фото) Синот на Шумахер го искрши болидот, од тимот му спремаат отказ

Синот на легендарниот Формула 1 возач, Михаел Шумахер, Мик, во втората сезона во најпрестижното тркачко натпреварување, стигна до своите први бодови, но и успеа за време на петочниот трениг на Големата награда на Јапонија да направи голема грешка и да го искрши болидот.

Затоа од тимот на „Хаас“ му подготвуваат отказ. Велат дека никого не убедил дека местото му е во ова натпреварување и дека е сè поблиску да ја напушти Формула 1.

23 годишниот Германец не ги наследи татко му и чичко му кои со години возеа во најпрестижното авто-мото натпреварување. Синот на најголемиот возач во историјата во петокот додека се враќаше во боксот, успеа да удри во оградата и да го уништи болидот.

Минатата година исто така беше возач со најголем број на судари. Направи штета од 4.000.000 долари. Осум пати успеа да го скрши предното крило, девет пати предната и задната суспензија, редовно му се кршеше менувачот. За разлика од него, неговиот минатогодишен тимски колега Никита Мазепин, го чинеше својот тим двојно помалку 2.000.000 евра. Шефот на „Хаас“, Гинтер Штајнер уште од тогаш го имаше на око Мик.

„Ова му е веќе трета тешка незгода оваа сезона“, рече Штајнер.

За наредната сезона од тимот имаат поголеми амбиции и веќе потпишаа со Кевин Магнусен. Шумахер сезонава е побавен од него. Како негова замена веќе се споменуваат и Даниел Рикардо, Антонио Џовинаци и Ник Хулкенберг како потенцијални возачи на „Хаас“.

 

Scroll to Top