(Фото) Светски феномен во скопската зоолошка: За првпат шест пара близначиња лемури

На светскиот ден на Јогата, од скопската Зоолошка денес објавија дека за првпат во градината имаат шест пара близнаци лемури. Лемурите се сметаат за основоположници на оваа дисциплина и секое утро, во јога поза седат свртени кон Сонцето. Во светот дури постои и се практикува Лемога, јога со лемури.

Од Зоолошката за Репортер ни кажаа дека станува збор светски феномен и дека шестте пара близнаци се родени од април до мај годинава.

„За првпат во Скопската зоолошка имаме шест пара близнаци кои се родени од април до мај“, ни рече Тина Мицковска, а од Скопската зоолошка објавија дека кај оваа екипа од Мадагаскар годинава имаат најмногу подмладоци.

„Лемурите се еден од најзагрозените видови на светот, а скопската Зоолошка придонесува за зголемување на бројот на овие единки чии природни живеалишта сè повеќе се намалуваат. Да ни се живи и здрави малечките“, објавија од Зоолошката.

 

Scroll to Top