Бразилскиот фудбалер Хулк, кој важи за еден од најсилните играчи на светот, откри како ослабнал 6 килограми по само еден натпревар на „Маракана“.
Неговата екипа Атлетико Минеиро беше елиминира од Фламенго во осминафиналето на Купот на Бразил, а освен по навивачите нереди, Хулк овој меч ќе го памети и по тоа што за 90 минути изгубил шест килограми. Пред почетокот имал 97 килограми, но на крајот ослабел и имал 91.
Тој за време на натпреварот дехидрирал и не можел да им даде примероци од својата урина за да му биде тестирана за допинг. Кога сите си заминале дома, тој останал уште четири часа на стадионот за да ја чека допинг контролата.
„Останав тука четири часа и испив 30 литри вода затоа што ми беше тешко да одам во тоалет. На почетокот на натпреварот имав 97 килограми, а на крајот паднав на 91. За среќа на крајот успеав да си отидам дома“, рече Хулк, кој објасни дека тоа за него било вистинско мачење.
„Откако дојдов во Атлетико, на овој натпревар најмногу дехидрирав. Тој ден изгубив шест килограми. Бев уморен“, рече Хулк кој на крајот морал со приватен лет да се врати дома, затоа што не можел да патува со останатите соиграчи кои претходно си заминаа.