Фудбалер на Барселона претепан и ограбен во својот дом

Фудбалерот на Барселона, Пјер Емерик Обамејанг бил претепан и ограбен во неговиот дом во Кастелдефелс. Инцидентот се случил по натпреварот со Реал Ваљадолид, кој заврши без голови.

Обамејанг на овој натпревар не настапи. Според пишувањата на El Paisa, Обамејанг бил нападнат од маскирани арамиции кои му провалиле дома и го начекале да се врати. Потоа го претепале.

Тие носеле пиштоли и шипки и му се заканувале на фудбалерот. Неофицијално сето ова се случило околу 12 часот на полноќ, кога четворица неидентификувани мажи влегле кај него дома. Обамејанг бил нападнат пред неговата сопруга. Тие му го украле накитот кој го чувал во сеф.

На крајот побегнале со бело „Ауди3“. Одма потоа фудбалерот повикал полиција која го истражува целиот случај. За потсетување, фудбалерите во Шпанија сѐ почесто се мета на напади во последните неколку години. Особено играчите на Барселона, Атлетико и Реал Мадрид.

Обамејанг наскоро се очекува да си замине од Барселона и да се врати во Англија да игра во Премиер лигата. Наводно е блиску до договор со Челзи, а во за него спремаат понуда и од Манчестер Јунајтед. Барселона сака да се ослободи од него заради финансиски проблеми.

 

 

 

 

 

Scroll to Top