Фудбалерката која ѝ донесе злато на Шпанија, дозна дека татко ѝ починал неколку моменти по финалето со Англија

Шпанската фудбалерка Олга Кармона, која го постигна единствениот гол во финалето на Светско против Англија, дозна дека татко ѝ починал само неколку моменти по натпреварот. Олга голот го даде во првото полувреме, а по натпреварот од Кралската шпанска фудбалска федерација ја објавија тажната вест.

На шпанската фудбалерка која го постигна единствениот гол во финалето на Светското првенство, Олга Кармона, и било кажано дека нејзиниот татко починал веднаш по натпреварот против Англија.

„Фудбалерката ја дозна тажната вест по финалето на Светското првенство. Ги испраќаме нашите најискрени прегратки до Олга и семејството во момент на длабока болка. Те сакаме, Олга, ти си засекогаш во историјата на шпанскиот фудбал“, објавија од Федерацијата.

23-годишната Кармона голот го прослави со порака на маицата на која пишуваше „Мерчи“, за која рече дека е почит на пријател чија мајка починала. За потсетување, Шпанија е втората земја, по Германија, чии машки и женски репрезентации станаа светски шампиони во фудбал.

 

 

Scroll to Top