Фудбалскиот клуб Валенсија, забрани продажба на семки на својот стадион „Месталја“, а забраната почнува да се применува од 5. август годинава и натпреварот против Астон Вила.
Појавата на глувци и разни глодари на стадионот е причината поради која е донесена оваа одлука.
Од клубот наведоа дека семките предизвикуваат здравствени проблеми, ги затнуваат одводните цевки и доведува до појава на глодари.
Стадниот „Месталја“ прима околу 50.000 навивачи, а изграден е пред 100 години. Веќе неколку години наназад се гради новата „Месталја“, но на неговото завршување не се гледа крајот поради финансиски проблеми.