(Галерија) Зимска бајка во божиќните трамваите на Осиек

Во Осиек, Храватска се наоѓаат трамваи украсени со новогодишни и божиќни декорации.

Надлежните за Градскиот превоз одлучиле да ги израдуваат најмалите, но и повозрасните, па ги украсиле сите трамваи. Еден изгледа како зимска бајка, додека друг го носи името „Esseker Express“ и има мотиви од филмовите и авантурите на малиот волшебник Хари Потер.

Трамвајот „Ледено кралство“ вози на редовна линија. „Esseker Express“ во работните денови вози за организирани собири на деца од градинка и училиште, а можни се и поединечни резервации за магионичарска претстава во трамвајот. За викенд вози по редовна линија.

Адвент возењето се одржува во Осиек од 2011 година и очекувано секогаш предизвикува голем интерес  кај жителите и туристите. Во текот на зимската сезона, божиќниот трамвај го посетуваат повеќе од 15 илјади луѓе.

Scroll to Top