Георги Шарески и Марко Јовановиќ го објавија новиот албум

Музичарите Героги Шарески и Марко Јовановиќ го изадоа нивниот нов албум „Биг лав“. Албумот е достапен и може да се симне од сите светски дигитални музички сервиси.

Изданието содржи девет композиции потпишани од Георги Шарески и нуди интимен поглед во творечката имагинација на овој несекојдневен музички автор. Песни содржат уникатниот и необичен спој на гитарата на Шарески и усната хармоника на виртуозот Марко Јовановиќ.

„Со речиси детска разиграност, без трошка его, овие двајца музички генијалци совршено се надополнуваат и истражуваат каде се границите на нивниот уникатен музички концепт. Резултатот е фантастична синергија како посвета на искреноста во уметноста. Низ албумот провејуваат влијанија на Toots Thielemans, Pat Metheny и Stevie Wonder, но не како очигледни цитати, туку како инспирација за еклектичниот пристап во творештвото и интерпретацијата“, информираат од Филтер лабел.

Албумот „Биг лав” на Георги Шарески и Марко Јовановиќ од денеска е достапен на сите позначајни музички сервиси во светот, а може да се слушне и преземе.

Во текот на изминатите три месеци дуото Шарески – Јовановиќ ѝ се претстави на светската јавност со трите синглови CouCou, Love Song 2 и Bird of Paradise, кои беа одлично прифатени и се најдоа на плејлистите на десетици светски радио станици специјализирани за џез, даутемпо и врлд мјузик.

 

 

Scroll to Top