Германските фудбалери во знак на протест си ги покрија устите кога ФИФА се закани со санкции

Со покриени усти се фотографираа германските фудбалери на групната слика пред денешниот натпревар на Светското првенство во Катар против Јапонија.

Причината за ваквиот гест на фудбалерите е одговор на заканите од ФИФА за санкции поради капитенските ленти со натписот „Една љубов“.

Сите германски играчи се приклучија кон гестот пред десетици фоторепортери пред воведниот натпревар во групата Е во Доха, откако ФИФА им се за кани со санкции на седум европски репрезентации доколку нивните капитени ја стават на рацете лентата која симболизира различност и толеранција.

Германската министерка за внатрешни работи Ненси Фезер, која беше во свечената ложа на стадионот покрај претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, носеше таква лента додека разговараше со фудбалските моќници.

Претходно таа изнесе критики на адреса на ФИФА, истакнувајќи оти заканите со санкции е погрешно и неприфатливо однесување.

Германија го изгуби натпреварот од Јапонија со 1:2.

Scroll to Top