Гиро во Грција за 3,90 евра

Познатото гиро во Ханиоти оваа сезона чини 3,90 евра, додека цаџики сосот е дополнителни 40 центи, наведува Никана.гр на својата страница на Инстаграм со приложена сметка.

Паралелно, можете да јадете гиро веднаш до шанкот за само 2,5 евра.

„Дојдов од Ханиоти пред два дена, јадев на двете места. Искрено, воопшто нема разлика во квалитетот, единствено ми се чини дека на Гери е за нијанса поскапо. Но сепак е убаво гирото“, „Пробав и двете, скоро се исти. Тоа е многу голема разлика во цената и вкусовите воопшто не се различни, според мене речиси се исти“, коментираат туристите.

Сепак, други тврдат дека разликата е токму во квалитетот, и дека има добра причина за реномето на најпопуларните гиро во Грција, а некои ја земале предвид и љубезноста на персоналот.

 

Scroll to Top