По 14. пат, се случи 48 часовниот маратон во креирање на видео игри Global Game Jam 2026 Skopje организиран од Асоцијација на македонската индустрија за видео игри – МГИ.
И овој пат, скопскиот Global Game Jam ја зголеми бројката на учесници за дури 38 проценти. Досега рекорден број од 132 учесници на една локација, се формираа 25 тимови, а тие направија неверојатни 25 игри, од кои 22 видео игри и три бордгејмови.


Темата за оваа година беше „Маска“, а истовремено се случуваше во 132 земји во светот, каде глобално учествуваа 474,517+ учесници, а се креираа 101,246+ игри.
Global Game Jam се случува секоја година, на последниот викенд во јануари и е најголемиот двигател на индустријата за развивање на игри во Македонија.


Наградите отидоа во тастатурите, маусите, пен таблетите и звучните карти на следните тимови – игри:
🏆 Најдобра игра на GGJ26Skopje: CBT – SAM
⚙️ Награда „Епско кодирање“: The Unfortunate 7 – Dalewood’s Masquedare
🎨 Награда „Пиксел перфект изведба“: Elon Mask – Mask of Life
🎸 Награда „Мик Гордон“ за гејм-џем саундтрак: Team Nespieny – Disguised Gladiators
🛹 Најдобра друштвена игра (board game): Luku Kroko – Warmask
🌱 Надежни џемери – ѕвезди во подем: Lab Rats – Masked Descent
Што е Global Game Jam?
Global Game Jam е најголемиот светски џем за видеоигри – тридневен предизвик каде што учесниците во истиот период ширум планетата работат на создавање сосема нови видеоигри. Целта е да се поттикне креативноста, соработката и иновативноста, овозможувајќи им на учесниците да го споделат своето знаење и вештини.






