Го тужат синот затоа што уште не добиле внук, бараат 650.000 долари отштета

Брачен пар од Индија решил да го тужи синот пилот кој се уште не планира да има бебе по шест години брак, а бараат и отштета, бидејќи целата своја заштеда ја потрошиле на синот. Индискиот пар бара од нивниот син и неговата сопруга, да добијат внук во рок од една година, или да им дадат пари. А сумата изнесува 650.000 долари.

Сањев и Садана Прасад велат дека ја потрошиле своите заштеди за да го одгледуваат и образуваат синот пилот и да организираат раскошна свадба.

Надоместокот кои го бараат родителите на момчето ги вклучува трошоците за свадбен дочек во хотел со пет ѕвезди, луксузен автомобил вреден 80.000 долари и плаќање на меден месец за младенците во странство. Родителите издвоиле и 65.000 долари за нивниот син да се обучи за пилот во САД, а се вратил во Индија и бил невработен.

Адвокатот на парот, Арвинд Кумар, изјавил дека сослушувањето во судот во северна Индија ќе се одржи на 17 мај.

Индија има силен традиционален семеен систем кој вклучува соживот на неколку генерации кои често живеат во исто домаќинство. Но во последниве години трендот се промени, така што младите парови претпочитаат да ги напуштат родителите или браќата и сестрите, а жените како во овој случај одлучуваат да работат наместо да се фокусираат на раѓање деца и да останат дома.




		
		
			
Scroll to Top