Голманот Арне Еспел кој играше за белгискиот второлигаш Винкел Спорт, почина за време на фудбалски натпревар. 25 годишниот голман Еспел починал откако одбранил пенал. Лекарите повеќе од половина час се обиделе да го реанимираат, а потоа бил однесен во најблиската болница. За жал не успеале да го спасат.
„Го одбрани пеналот, па се обиде брзо да стане, но потоа пак падна“, рече помошник тренерот по натпреварот.