Хороскоп за 13 април: нова љубов во животот на девицата, интересен предлог од партнерот за вагата

Овен
Обрнете внимание на важната документација овие денови. Наместо да се фокусирате на најважните работи, вие само го проширувате кругот на вашите интереси и постапки. Љубов: заљубени сте, но оставате многу на судбината. Работа: ако имало заостанати работи, сето тоа сега ќе биде средено. Се подобрува и атмосферата во вашата работна средина. Здравје: можно намалување на имунитетот и алергии.

Бик
Внимавајте да не се бранувате многу во наредните денови. Една мала грешка може да доведе до емоционален слом. Љубов: потребна ви е забава, а партнерот не се согласува. Работа: нови понуди и важни информации. Здравје: ‘рбетот и зглобовите ви се чувствителни.

Близнаци
Потрошивте повеќе отколку што планиравте, но приливите и понатаму се доста редовни, па не грижете се многу. Љубов: премногу сте егоцентрични, тоа треба да го промените. Работа: изградете цврста основа и тргнете во нови работни победи. Здравје: можен проблем со жлездите.

Рак
Не биди си свој непријател. Уживавте во патувањето, но сега не е време за тоа. Во наредниот период ве очекуваат многу обврски. Љубов: еден познаник може да ви направи многу добро. Буквално ќе оживеете. Работа: размислете за понудата што ви се нуди. Здравје: обидете се да имате поредовни оброци.

Лав
Не е поволен период, лесно може да погрешите ако не се грижите за се. Посебно оние кои се во брак нека внимаваат на сопствените зборови. Љубов: на вашиот партнер не му е лесно со вас. Работа: контролирајте ја вашата нервоза. Здравје: зголемен крвен притисок.

Девица
Не започнувајте ништо ново, дури и ако добиете предлог за нешто примамливо, не е вистинско време. Љубов: преку блиски пријатели ќе остварите ново познанство и можност да започнете врска. Работа: темелно подгответе го теренот за наредните денови. Здравје: добро.

Вага
Можни промени кои ќе нарушат некои планови што сте ги имале, но тоа не е толку лошо. Љубов: партнерот може да предложи нешто интересно. Работа: може да добиете известување во форма на неплатени обврски. Здравје: проблеми со забите.

Шкорпија
Може да бидете доведени до погрешни чекори. Можно е некој да ви даде погрешни информации. Љубов: немате реална слика за партнерот и вашата врска. Застанете и размислете дали сте таму каде што сакате да бидете. Работа: можно назадување кога станува збор за работните места. Здравје: притисокот може да ви биде проблем денес.

Стрелец
Се чувствувате заситени со сè во вашиот живот. Ова е само привремено, затоа справувајте се со чувството. Љубов: толку малку ви треба за интимност. Не воздржувајте се во искажувањето на вашите емоции. Работа: можеби не толку позитивни вести, но нема да влијаат многу на вас. Здравје: проблеми со стомакот.

Јарец
Искористете го ова време за да завршите некои мали заостанати работи, но во поголемиот дел од денот одморете се и размислете за луѓето кои неправедно сте ги отфрлиле. Љубов: пуштете нови луѓе во вашиот живот. Работа: од денес продолжувате со полна брзина, онака како што започнавте кон крајот на годината. Здравје: замор и можна настинка.

Водолија
Ги завршивте сите важни обврски и повеќе не размислувате за работа. Едноставно ви треба пауза. Љубов: малку сте мрзливи и непријателски расположени. Работа: одморете се и наполнете ги батериите во наредните денови. Здравје: дозволете си масажа.

Риби
Би било добро некои работи навистина да ги завршите бидејќи можете да сметате само на себе. Љубов: партнерот може одвреме-навреме да ви подбуцнува, а вие добро знаете зошто. Работа: потрудете се во првиот дел од денот, а потоа најдете време да се опуштите. Здравје: болка во вратот на ‘рбетот.

Scroll to Top