Хороскоп за 27 јули: На лавот му треба повеќе љубов и внимание, а за водолијата одличен ден за дружење

ОВЕН

РАБОТА: Ќе ви дојдат соработници од странство, па ќе треба да се подготвите. Можно е да биде долга соработка. ЉУБОВ: Денес имате многу обожаватели. Каде и да одите, сите се вртат и ве следат. Тоа е нормално за вас и одлично ќе ви оди. ЗДРАВЈЕ: Прошетајте малку.

БИК

РАБОТА: Деловните состаноци знаат да бидат заморни. Но, вие имате тактика. Ќе ви годи деловен ручек со вашето омилено мени. ЉУБОВ: Оние кои се во врска немаат гајле. Нема потреба за никаква нервоза и напнатост. ЗДРАВЈЕ: Пробајте боречки вештини.

БЛИЗНАЦИТЕ

РАБОТА: Секој кој се занимава со работа во која рачно изработувате предмети може да биде успешен. Пробајте да соработувате и со луѓе од странство. ЉУБОВ: Ако сакате хармонија во вашиот дом, обидете се да поработите на тоа. Резултатот мора да биде позитивен. Децата се добро. ЗДРАВЈЕ: Медитирајте.

РАК

РАБОТА: Не дозволувајте некој да ја искористи вашата добрина. Поставете граници. ЉУБОВ: Запознавањето со Стрелец може да биде многу интересно. Не се повлекувајте. Опуштете се ЗДРАВЈЕ: Проблеми со имунолошкиот систем. Недостигот од витамини надополнете го со свежо цедени сокови.

ЛАВ

РАБОТА: Постојано сте во движење. Имате големи деловни апетити, па добар дел од работата ќе го оставите за следната недела. ЉУБОВ: Ви треба повеќе љубов и внимание. Понекогаш партнерот е непромислен или не размислува за тоа што го кажува. ЗДРАВЈЕ: Имате чувствителен стомак.

ДЕВИЦА

РАБОТА: Сакате да постигнете сè сами. Ќе бидете еуфорични во денот. Фокус на работата ќе ви бидат недвижностите, ако се занимавате со оваа дејност. ЉУБОВ: Девиците кои имаат тивок емотивен живот, ќе бараат забава или флерт со лут Лав или Близнаци. ЗДРАВЈЕ: Оптоварени сте.

ВАГА

РАБОТА: Ќе бидете весели и среќни во текот на денот. Користете ги тие аспекти. Соработката со Бикот, Близнаците и Овенот ќе ви годат. ЉУБОВ: Помирувањето со саканата личност ве прави задоволни. Партнерот покажува среќа, голема љубов и задоволство. ЗДРАВЈЕ: Водата е вашиот исцелител.

СКОРПИЈА

РАБОТА: Имате обезбедување. Тоа ви треба. Верувајте си прво на себе, а потоа на другите. Ќе бидете усогласени со водени знаци. ЉУБОВ: Емотивно ви треба чувство на доминација. Не треба да претерувате во вашите барања. Партнерот се чувствува загрозен. ЗДРАВЈЕ: Внимавајте на стресот од работа.

СТРЕЛЕЦ

РАБОТА: Растргнати сте меѓу работата и приватниот живот. Соработката со Девица или Бик ќе ви биде успешна. ЉУБОВ: Не би било добро да имате еуфорични напади бидејќи така ја нарушувате емотивната рамнотежа. Ви се додворува Бик. ЗДРАВЈЕ: Одете на масажа, спа центар, топли базени, бањи.

ЈАРЕЦ

РАБОТА: Оптоварени сте со бизнис бидејќи тежнеете кон перфекционизам. Имате можност да блеснете на собир или семинар. ЉУБОВ: Ќе запознаете личност која е постара од вас, можеби е во врска или брак. ЗДРАВЈЕ: Жените родени во знакот Јарец мора да внимаваат на настинки и воспаленија.

ВОДОЛИЈА

РАБОТА: Сакате да излезете од клишето. Ви се допаѓаат новите трендови и сакате да се разликувате од другите. Тоа ви носи пари. ЉУБОВ: Имате добар ден за љубов и дружење. Ќе имате добар однос со Водолија, Близнаци, Вага. ЗДРАВЈЕ: Треба да се опуштите со музика или некои вежби за релаксација.

РИБА

РАБОТА: Парите ви доаѓаат преку работните места поврзани со хемија, течности, индустрија, естетика, ако сте уметничка душа. ЉУБОВ: Расположени сте за додворување. Ако сте маж, ќе ви се допаѓа динамична жена од Овен. ЗДРАВЈЕ: Внимавајте на проблемите со дишењето и белите дробови.

Scroll to Top