Хороскоп за 5 октомври: за Лавот поволен период за бизнис, на Девицата ѝ се враќа личност од минатото

Овен
Овој ден е исполнет со среќа и нови почетоци. Бидете опуштени и оптимисти. Доколку сте во врска, комуникацијата со партнерот е намалена. Задоволни сте како се развива бизнисот. Здравјето ви е стабилно.

Бик
Ако се вклучите во дискусии, лесно ќе ја убедите другата страна во исправноста на она што го правите. Не флертувајте од досада. Во бизнисот може да има разочарување. Здравје, чувствувате  замор.

Близнаци
Искористете го денот за да се вклучите во активности кои ве забавуваат и во кои уживате. Посветете се на оние за кои се грижите. Не влегувајте од врска во врска. Ако сте избрзале, грешките само ќе испливаат на површина. Здравје, избегнувајте тешка храна.

Рак
Денес многу лесно би можеле да ги надминете границите на вашите можности и многу лесно да ја потрошите енергијата дури и пред да ги завршите повеќето работи. Поволен ден е за средба со саканата личност, особено ако сте во врска на далечина. Дајте го најдоброто од себе. Здравје,проблеми со нервоза и несоница.

Лав
Ќе имате силна потреба да се докажувате, особено ако ви е доверена голема сума на пари или лидерска позиција. Во љубовта ве очекуваат дискусии. Доаѓа поволен период за бизнис. Здравје, проблеми со мочниот меур.

Девица
Отворени сте и внимателни, но ако другите го користат тоа, заземате навредлив став и потоа оние околу вас ве сметаат за груба личност. Има личност од минатото што сè уште ја сакате. Ретко кој може да го следи вашето брзо темпо на работа. Здравјето ви е стабилно.

Вага
Ако размислувате да помогнете некому, размислете добро бидејќи сигурно ќе ги запоставите вашите потреби. Немате доволно доверба во саканата личност како порано. Доаѓаат позитивни промени на ова поле. Здравје, мали проблеми со грбот.

Шкорпија
Ќе бидете опуштени и ќе можете да се справите со се што ќе ви се најде на патот. Искористете ја својата сила и динамична природа за да освоите или омекнете нечие срце. Интересна комуникација со личноста за која се грижите. Ќе имате многу добри идеи. Применете ги во пракса. Здравје, можни се проблеми со грлото.

Стрелец
Обидете се да најдете што е можно повеќе време за љубов и дружење со пријателите, да се опуштите и да уживате. На самците може да им се додворува личност со која вообичаено често се среќаваат. Поедноставете сè што е можно повеќе и не грижете се однапред. Здравјето ви е стабилно.

Јарец
Подготвени сте малку да го промените начинот на размислување, што ќе изненади многумина кои ве познаваат. Доколку сте во врска или брак, ќе има примирје помеѓу вас и вашиот партнер. Сакате да докажете дека не сте зависни од никого. Здравје, пијте повеќе течности.

Водолија
Бидете внимателни во справувањето со финансиите деновиве. Не трошете пари на непотребни работи, не позајмувајте ги никому. Љубомора и зголемени страсти. Ќе добиете поддршка од една личност, но тоа нема да ви биде доволно. Здравје,променливо и нестабилно.

Риби
Почнавте од „мртва точка“, генерално, на сите полиња, но пред се ве интересираат парите, заработката, материјалните работи. Ви треба растојание и мир. Активни сте на деловен план и се трудите се да завршите на време. Не давајте ветувања што не можете да ги исполните. Здравје, намалете го внесот на алкохол.





		
		
			
Scroll to Top