Дваесет и три годишниот фудбалер од Хрватска, Роберт Периќ Комшиќ ѝ го спаси животот на мајка си донирајќи ѝ го црниот дроб. Лекарите на напаѓачот на Цибалија од Винковци, кој игра за втора лига во хрватскиот фудбал, на почетокот не му гарантирале дека по операцијата ќе може повторно да загира.
Но, сеедно Периќ бил решен да го спаси животот на мајка си. По трите неуспешни трансплантации кои ги имала неговата мајка, Роберт одлучил самиот да биде донатор за да ѝ го продолжи животот.
Заедно заминале во Турција каде била направена операцијата. Тој ѝ подарил 70% од црниот дроб, а четири месеци подоцна се вратил на терен. Сега е во тренажен процес и наскоро ќе биде подготвен да игра фудбал.
„Воопшто не размислував за тоа бидејќи имав јасна мисија, да направам да биде повторно здрава. Брат ми и татко ми не можеа да донираат поради здравствени причини, а времето ѝ истекуваше. Нејзиниот стомак се полнеше со вода и беше само прашање на денови. Мораше да зема терапија, но тоа не е ништо ново за неа, бидејќи со години е под лекарства. Сите мои наоди се нормални, црниот дроб ми беше речиси целосно регенериран два месеци по операцијата. Бегам од приказните за херојство. Го направив она што верувам дека би го направил секој што пораснал во функционално семејство. Мајка ми ми дари живот, а јас ѝ го продолжив нејзиниот“, рече Роберт.