Во сабота на кејот на Вардар по втор пат ќе се одржи трката „Трчај за надеж“ за помош на децата кои се лекуваат на Онколошкото одделение на Детската клиника, во организација на клубот „Искра Надеж“.
Парите собрани од учеството на трката ќе бидат донирани на Детската Клиника како скромен придонес за дечињата кои се лекуваат. Трката ќе започне во 9 часот и ќе може да се трчаат 1.5 или 3 километри. Котизацијата изнесува 300 денари, а собраните пари ќе се донираат на Детската клиника.
Заинтересираните за трката можат да се пријават на следниот формулар, или по мејл на [email protected] или преку инстаграм профилот @sparkofhope_club. Регистрацијата на учесниците ќе биде пред хотел „Парк“ од 8:15 до 8:45 часот.