Играше на Светско, а денес проси за храна и спие на картони, едно ќебе и црна торба е сè што има на себе

Поранешниот фудбалер Пол Џејмс е еден од најголемите канадски играчи на сите времиња. Иако по потекло е Велшанец, стана член на Канадската фудбалска куќа на славните и извесно време беше селектор на Канада на репрезентацијата до 20 години.

Времињата на гордост и слава се даелку за днего. Веќе шеста година како живее во беда. Имаше голема перспектива, беше еден од најголемите таленти во државата, а врвот во кариерата му беа настапите за Канада на Светското во Мексико во 1986 година. Беше стартер на сите натпревари

Англиските новинари го најдоа на улиците во Лондон како проси пари за храна. Веќе шест години спие на картон, а единствено што има на себе е едно ќебе и црна торба. Преживува од милостина и како што вели, живее од ден за ден.

Од Канада си замина во 1998 година, заради обвинувањата дека земал кокаин, а всушност зависноста од дрогата го доведе во животната ситуација во која сега се наоѓа. Сè што имаше и што му вредеше го продаде за да купи дрога. Рече дека сè уште е зависен и дека сите пари кои може да ги собере ги троши на дрога.

Летото почина мајка му, а за тоа дознал дури по два месеци. А за новинарите рече дека им ја раскажал судбината, само за да стапи во контакт со неговиот татко. Рече дека четири години немал видено никого од семејството и дека тоа сега му е единствена желба.

 

Scroll to Top