Илон Маск заврши на улица заради неплатена кирија

Илон Маск и неговите вработени во „Твитер“ биле исфрлени од нивните канцеларии заради неплатени сметки за кирија. Судот во Колорадо донел пресуда во корист на сопственикот и им наредил да ги напуштат канцелариите во деловниот простор Болдер.

Од тоа што го пренесоа тамошните медиуми, Маск немал платено кирија за период од три месеци. Како што пренесе Denver Business Journal, кој дошол до судските документи, на закуподавачот во февруари 2020 година му била обезбедена авансна исплата од 968.000 долари.

Тој редовно ја подигнувал киријата на месечно ниво, но парите престанале да му стигаат во март годинава. Компанијата повеќе не ги подмирувала долговите за користењето на деловниот простор.

Сопственикот на просторот во мај поднесол барање до судот, а судијата донел одлука со помош на шерифот да ги иселат вработените од „Твитер“ пред крајот на јули.

Во овие канцеларии порано работеле повеќе од 300 вработени, а по отпуштањата и отказите, се претпоставува дека оваа бројка е двојно намалена.

 

Scroll to Top