Илустраторот Кајес (@kyesone) стана познат на Инстаграм благодарение на неговите уникатни креации – портрети на познати личности моделирани по оние од 18 век.
Кајес почна да ги создава своите слики во духот на минатото. Започна со музичарите, и успеа да најде изненадувачка естетска паралела помеѓу фигурите на урбаната култура и добата на просветителството.
View this post on Instagram
Валд како Наполеон Бонапарта, Алиша Кис како маркиза, Еминем како пустиник, Дамсо како писател, Ејми Вајнхаус и Мадона како војвотки, ASAP Роки и СХ како буржоази, дуото Дафт панк како витези, и Џорџ Смит како благородник.
Илустраторот постепено се сврте кон француски и меѓународни филмски личности. Ал Пачино, Лејла Бехти, Кристофер Вокен, Марион Котијар, Ева Грин, Форест Витакер, Александар Астие и нивните колеги се претставени во облека и опкружување достојни за слики од споменатиот период.
View this post on Instagram