Италијанецот Николас Џентиле (38), италијански слаткар и љубител на „Господарот на прстените“, изградил свое село и неколку ггодини живее како хобит.
Тој купил парче земја во селото Букианико, па со неговата сопруга почнале да го градат својот личен Округ, од измислената Средна Земја, по примерот на романите на Толкин.
Заедно со група пријатели и обожаватели на „Господарот на прстените“, облечени како џуџиња, хобити и волшебници, пешачеле повеќе од 200 километри до Неапол, минувајќи планини и реки, за Николас да го фрли „прстенот“ во планината Везув, исто како во книгата, пишува Гардијан.
„Пред некое време, сфатив дека книгите и филмовите веќе не се доволни за да ја задоволат мојата страст за жанрот научна-фантастика, а особено за сагата Господар на прстените. Читав за нивните животи и одлучив дека сакам да станам хобит и да живеам како еден од нив“, вели Џентиле.
View this post on Instagram
На земјиштето што го купил, тој веќе ја изградил својата прва куќа во која живее со своето семејство, во облека на хобит, а вратите на неговиот дом се отворени за сите посетители. Тука, слаткарот планира да изгради магичен свет сличен на оној од неговиот омилен роман, со поголема верзија на куќата на Билбо Багинс, гостилница и други објекти што би го направиле ова место – хобитско. Сето ова се случило откако сфатил дека луѓето во Букијаник веќе живеат таков начин на живот.
„Со текот на времето, сфатив дека моите пријатели и роднини, кои се земјоделци во Букијаник, отсекогаш живееле како хобити. Тие работат како хобити, вршат работи што се во близок контакт со природата. Се радуваат како хобити, организираат фестивали и танци како хобити, дури и се облекуваат така“, вели Николас.
Секоја година фестивалот Бандереси се организира во ова место, еден од најстарите фестивали во Европа, кој има традиција од речиси 500 години и каде што луѓето носат средновековна облека, пеат песни, играат и подготвуваат типични локални јадења.
„Сфатив дека отсекогаш живеев во Округ. Единствено што недостасуваше беше да станам свесен за тоа и да изградам село. Сакав и овие луѓе да влезат во мојата имагинација. Многумина ни се потсмеваат, некои мислат дека се обидувам да избегам од реалноста, но далеку од тоа. Го живеам мојот сон, мојата авантура и со купување на таа земја, ја украдов реалноста што не ми се допаѓа и се обидувам да ја обликувам онака како што сакам“, вели Николас.
За да нема проблеми со прекршување на авторските права, тој додава дека неговото село ќе се вика Округ на незнабошците. Куќите ќе се градат со заеднички средства и ќе бидат одржливи, користејќи сончева енергија. Како вистински хобит, кој ја сака природата и се грижи за неа, тој вели дека неговото патување на Везув не било само шоу за фановите, туку сакал да испрати порака.
„Земјата денес е загрозена од загадување и климатски промени, кои се непријатели исто толку застрашувачки како Саурон. Сакавме да покажеме дека нашата земја, како и Средната Земја на Толкин, мора да се спаси и заштити. Така, кога отидовме да го фрлиме прстенот, наместо за фрлање парче железо во природа, симболично фрливме грутка оладена и зацврстена лава во кратерот, а прстенот му го дадовме на момчето што го сретнавме таму. Наклонетоста што луѓето ни ја покажаа за време на патувањето беше неверојатна“, се сеќава Џентиле.
Тој додава дека луѓето на местата низ кои минувале со задоволство ги отвориле вратите од своите домови, нудејќи сместување, храна или топла бања.
„Што е тоа ако не е магија“, вели Николас.
View this post on Instagram