Италијанец одгледува винова лоза на тераса и едно шише вино го продава за 5000 евра

Претприемачот, колекционер на уметнички дела и поранешен инвестициски банкар, Тулијо Масони од Италија, вели дека го поседува најмалото лозје на светот. Виновата лоза ја одгледува на тераса и го произведува едно од најексклузивните вина во светот „Виа Мари 10“, пренесе „Си-ен-ен“.

Лозјето е сместено на врвот на палата од 16. век, во срцето на италијанскиот град Реџо Емилија, место меѓу Парма и Модена. За овој регион се смета дека ги има најпознати извозни производи.

Тука се автомобилите „Ферари“ и „Ламборџини“, но и познатите кулинарски производи како што се лазањите, тортелините, пршутата Парма и сосот Болоњезе. Неговото големо лозје се наоѓале во близина на градот Тулијо Масони, но прекинал да го одгледува зашто било финансиски неисплатливо.

Дваесет години подоцна, вели дека се покајал за оваа одлука, па затоа си направил мало лозје на терасата. На простор од 18,5 квадратни метри, одгледува грозје санџовезе од кое произведува вино за 29 шишиња годишно. Ги продава во уметничката галерија „Бонсони Арте“, неколку улици подолу.

Цената на едно шише чини 5000 евра.

„Моето вино е форма на уметничко изразување, филозофска провокација, нешто што треба да се чува во дневната соба за да можете да разговарате за тоа со вашите пријатели, да им кажете за лудакот кој го произвел“, рече Масони и додаде дека е единствениот производител кој не треба да му го пијат виното.

 

 

 

 

Scroll to Top