Јас сум добро, гледајте го Бразил на Светско, се јави Пеле од болница

Славниот бразилски фудбалер Пеле, се јави од болницата во Бразил каде од неодамна беше хоспитализиран. По информациите дека неговото тело повеќе не реагира на хемотераија, еден од најдобрите фудбалери во историјата се огласи на социјалните мрежи.

„Пријатели, сакам сите да останете мирни и позитивни. Силен сум, имам многу надеж и ја следам терапијата како и досега. Сакам да им се заблагодарам на целиот тим лекари и медицинскиот персонал за негата која ја добивам. Имам голема верба во Бога и секоја порака која ја добивам од вас прави да бидам полн со енергија. И гледајте го Бразил на Светското првенство. Фала ви многу“, рече Пеле.

Реагирајќи на оваа порака, познатите бразилски асови му дадоа голема поддршка. Меѓу нив беа Денилсон и Кака, кои објавија: „Кралу, продолжуваме да се молиме“. Поддршка стигна и од фудбалскиот клуб Сантонс и Фудбалската федерација на Бразил, како и бројни навивачи.

Пеле има 82 години и е легенда на бразилскиот и светски фудбал. Лидер е и на еден од најдобрите тимови во историјата, кој со него на теренот трипати го освои Мундијалот во 1958, 1962 и 1970 година. Во декември 2000 година, со Диего Марадона ја подели наградата за најдобар фудбалер во 20 век.

По неверојатната кариера, која во клупска конкуренција ја помина во дресот на Сантос и Њујорк Космос, се занимаваше и со хуманитарна работа, беше амбасадор и на Обединетите нации за екологија и животна средина и поради тие активности Универзитетот во Единбург во 2012 година му даде почесна диплома.

 

Scroll to Top