Јужно Корејците од јуни ќе бидат една година помлади

Јужна Кореја ќе го укине својот традиционален метод на броење години и ќе усвои меѓународен стандард, пишува Гардијан. Тоа е промена што ќе ја намали возраста на сите жители на Јужна Кореја за една или две години на официјалните документи.

Досега Јужнокорејците се сметаа дека имаат една година веднаш штом се родени, а секој 1 јануари им се додаваше дополнителна година. Еден необичен и сè понепопуларен обичај значел дека, на пример, детето родено на новогодишната ноќ станало две години штом часовникот отчукал полноќ.

Постои и посебен систем за пресметување на возраста на мажите кои влегуваат во војска и законската возраст за консумирање алкохол и цигари. Во овие случаи, возраста на лицето се пресметува од нула при раѓање, а годината се додава на Нова Година.

Конфузијата треба да заврши во јуни, барем што се однесува до официјалните документи, кога ќе стапат на сила законите кои бараат да се користи само меѓународниот метод на броење години.

„Ревизијата има за цел да ги намали непотребните социо-економски трошоци бидејќи има правни и социјални спорови поради различни начини на пресметување на возраста“, рече Јо Санг-бум од владејачката партија во парламентот.

Потеклото на системот не е јасно. Една теорија тврди дека правилото за една година при раѓање настанало затоа што го зема предвид времето поминато во матката – со девет месеци заокружени на 12. Други го поврзуваат со древен азиски броен систем кој немал концепт за нула.

 

Scroll to Top