Забавни идеи како да го прославите Денот на вљубените

За Денот на вљубените не мора да одите во ресторан за да си поминете убаво. Ова се неколку идеи што не се многу скапи, а ќе ви остават незаборавен спомен.

Одете на спа-викенд околу празникот

Одете на спа-викенд некаде. Ако ви се чини скапо, искористете ги ваучерите за колективен шопинг. Тие се добра алтернатива на скапите спа локации. Патувањето организирајте го за викенд, без оглед што Валентин е во вторник.

Секс, уживајте во секс…

Ноќта е создадена за секс. Не двоумете се  многу. Партнерката нека облече секси долна облека. Отворете шише вино и уживајте во Денот на вљубените. Ако дома имате деца, почекајте да заспијат или оставете ги кај бабите.

Колачи и слатки

Изненадете ја саканата или саканиот со куп слатки искушенија. Запалете свеќи насекаде низ станот.

Направете си пикник дома

Во февруари времето не е особено погодно за пикник, иако температурите надвор се пристојни како за зима. Сепак, направете си пикник дома во дневната соба . Намалете го светлото, наредете ароматични свеќи наоколу, постелете меко ќебе на средината на просторијата. Згответе нешто вкусно што тој го обожава и каснете полулегнати на земјата. Тоа е повеќе од романтично искуство што гарантирано ќе ви се допадне и ќе ве натера да го запаметите овој Ден на вљубените. Не заборавајте да пиете црвено вино. Денот на љубовта е и ден на виното.

 

Scroll to Top