Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски забележа нов напредок на АТП-листата.
Ивановски има 92 бодови и тоа му донесе скок до 459. место во сингл-конкуренција на АТП, односно две позиции полошо од неговиот најдобар пласман во кариерата.
Втор најдобар македонски тенисер е Обрад Марковски кој се наоѓа на 1.127 место, по што следи Горазд Србљак, Берг Бугариќ, Томислав Јотовски и Стефан Мицов.