Порнографијата на интернет не гледаат само обичните луѓе, туку и калуѓерките и свештениците, изјави папата Франциско. Тој ги повика да ги користат социјалните мрежи за личен развој и комуникација, предупредувајќи ги на опасностите, поточно на дигиталната порнографија, објаснувајќи дека тоа го слабее срцето на свештениците, пишува „Гардијан“.
Папата одговараше на прашања во Ватикан на тема како најдобро треба да се користат дигиталните и социјалните медиуми.
Според него, порнографијата е порок за многумина, дури и за свештениците и калуѓерките.
„Тоа е порок на многу луѓе, многу лаици, но и свештеници и калуѓерки. Оттаму доаѓа ѓаволот. И не зборувам само за порнографија како онаа на злоупотреба на деца, која е монструозно туку и за нормална порнографија. Драги браќа, внимавајте на тоа“, рече папата Франциско.
Во целосното соопштение што денеска го објави Ватикан, се наведува дека Франциско дал сериозно предупредување до обичните луѓе, нагласувајќи дека порнографијата е порок.
„Нема да кажам кренете ја раката ако сте имале барем едно искуство со ова. Но, ако секој од вас мисли дека доживеал искуство или искушение, тоа е порокот што го имаат толку многу луѓе“, рече Папата.
И покрај тоа што има 64,3 милиони следбеници на Твитер, 85-годишниот папа рече дека не користел алатки на социјалните мрежи. Тим од луѓе управува со различните профили на папата на социјалните мрежи.
На крајот на 2020 година, Ватикан беше оставен во непријатна ситуација кога беше принуден да бара објаснувања од Инстаграм откако на официјалниот инстаграм-профил на папата Франциско лајкна фотографија од бразилската манекенка Наталија Гарибото.
„Ми се допаѓа“, од профилот на папата беше видлива на фотографијата од овој модел неколку дена пред да биде откажана.