Капитенот на турската репрезентација и син му загинаа во земјотресот

Капитенот на ракометната репрезентација на Турција, Џемал Кутахја, настрада во земјотресот кој минатиот понеделник ја погоди земјата. Синоќа од Ракометниот сојуз на Турција објавија дека со син му Куаинар биле најдени под урнатините во куќата во која живееле.

„Со длабока тага ја примивме веста за смртта на нашиот драг Џемал, капитенот на нашата национална машка ракометна репрезентација и неговиот син Куаинар. Двајцата беа затрупани под урнатините во куќата во која живееја во Антакија“, стои во соопштението.

Спасувачките служби сè уште трагаат по неговата сопруга и мајка.

 

 

Scroll to Top