Каролина, Црвена Јабука, Аца Лукас и Нокаут ја кренаа на нозе Крива Паланка, полн плоштад за Богородица

Каролина, Нокаут, Брас Брадарс, Бени и „Нон Стоп“, Црвена Јабука и Аца Лукас пееја деветтото издание на фестивалот „Џои фест“ кој традиционално се одржува за празникот Богородица и викендов се одржа на плоштадот во Крива Паланка. Фестивалот кој траеше две вечери ги собра генерациите кои уживаа на хитовите на македонските и балканските музичари. Во Паланка

Првата фестивалска вечер ја отворија Бени и „Нон стоп“. Публиката ги пречека со овации и кренати раце и уживаше во авторските песни, но и на познатите балкански хитови што ги испеа Бени. По него настапи Каролина, која прв пат пее на овој фестивал и рече дека за следно гостување не треба да се чекаа нови девет години, туку побрзо ќе се дружи пак со кривапаланечката публика. Првата фестивалска вечер заврши со настапот на „Брас брадарс“.

Вчеравечер на Денот на рударите, плоштадот во Крива Паланка беше преполн со луѓе кои уживаа во музиката на „Црвена јабука“, Аца Лукас и „Нокаут“. Се пееше до доцна во ноќта, а музика имаше за сечиј вкус.

Фото: Ѓоко Костовски











Scroll to Top