Картичка со по 200 евра за култура добија сите 18-годишници во Германија

По 200 евра им подели германското министертсво за култура на сите 18-годишници во земјата за трошоци за култура.

Пропусницата, која користи апликација за давање кредит од 200 евра за трошоци за култура, овозможува купување билети за концерти, книги, музички инструменти, посети на кино и друго. Од лансирањето на апликацијата во средината на јуни, регистрирани се над 310.000 18-годишници. Околу 100.000 од нив го активирале кредитот преку електронска идентификација.

Целта на проектот е финансиски да им овозможи културни искуства во живо на 18-годишниците по пандемијата. Најголем интерес ималоза концерт и сцена, каде имало околу 95.000 резервации, што генерира продажба од околу 1,8 милиони евра.

До крајот на годината до понудата ќе можат да пристапат вкупно околу 750.000 луѓе кои се родени во 2005, а годинава ќе наполнат 18 години. Кредитот треба да важи две години. Ако е успешна, може да се прошири и на други возрасни групи.

Scroll to Top