Ќе се снима серија за Хари Потер со нова актерка екипа

HBO ќе снима серија за Хари Потер, а во неа ќе глуми сосема нова актерска екипа. Како дел од презентацијата на сервисот „Варнер Брос Дискавери“, кога се зборуваше дека HBO Max и Discovery+ ќе се спојат во услуга едноставно наречена Max, беше објавена и најава за оваа серија.

„Вашето писмо до Хогвортс е тука. Макс ја нарача првата серија за Хари Потер, верна адаптација на култните книги“, стои во најавата со кратко видео.

Што се однесува до заплетот, најавено е дека секоја сезона од серијата ќе се занимава со една книга од оваа серија.

„Хари Потер е културен феномен и јасно е дека љубовта и гладта за нови содржини од светот на волшебниците продолжуваат. Новата серија Max Original ќе нурне длабоко во секоја од познатите книги што обожавателите ги обожаваа сите овие години“, информираат од НBO.

Сервис Макс ќе ја продуцира серијата заедно со Brontë Film and TV и Warner Bros. Телевизија, додека извршни продуценти ќе бидат Ј. К. Роулинг, Нил Блер и Рут Кенли Летс.

„Посветеноста на Макс за зачувување на интегритетот на моите книги е важна за мене, и со нетрпение очекувам да бидам дел од оваа нова адаптација која ќе овозможи ниво на длабочина и детали што е можно само во форма на долготрајна телевизија серија“, рече Роулинг.

Scroll to Top