Керолајн Лајнен е девојката што го расипа пријателството меѓу Кевин де Бројне и Тибо Куртоа

Керолајн Лајнен е девојката која го расипа пријателството меѓу Кевин де Бројне и Тибо Куртоа. Фудбалерот на Манчестер Сити и голманот на Реал Мадрид, во вторникот имаа голема пресметка во Лига шампиони, а историјата на нивното познанство е долга.

Двајцата некогаш беа најдобри пријатели и другари и секојдневно комуницирале и додека играле за тимови од различни држави. Но, тогаш во нивните животи се појавила Керолајн Лајнен и нивното пријателство се растури.

 Tibo Kurtoa i Kevin De Brujne ne pričaju zbog devojke - Instagram/carlijnen/printscreen

За време на една нејзина посета во Мадрид, таа решила да го изневери де Бројне со неговиот добар пријател и колега од националниот тим Куртоа. Лајнен во тоа време била во врска со фудбалерот на Манчестер Сити. За неверството Бројне брзо дознал и никогаш не ѝ го простил.

„Се сомневав дека ме изневерува со најдобрата пријателка и затоа сакав одмазда. Тибо беше многу добар кон мене, ми подготви и вечера. Кевин никогаш не ми приредил такво нешто“, рече Керолајн во едно од нејзините интервјуа.

 Tibo Kurtoa i Kevin De Brujne ne pričaju zbog devojke - Instagram/carlijnen/printscreen

Бројне беше прашан дали поради неверството, Куртоа треба да биде исфрлен од националниот тим на Белгија. Тој одби такво нешто и рече дека репрезентацијата треба да го задржи еден од најдобрите голмани во светот. Но, односите меѓу нив двајцата никогаш не се поправија.

 Tibo Kurtoa i Kevin De Brujne ne pričaju zbog devojke

Години по аферата, двајцата воопшто не комуницираат, а на собирите на националниот тим еден на друг се обраќаат само професионално. Денес Керолајн е среќно омажена и вели дека аферата за неа е минато. И двајцата продолжија понатаму. Кевин веќе со години е во брак и има деца.

Куртоа пред неколку месеци се пофали дека е во врска со манекенка од Израел.

Scroll to Top