Кевин Кузманов е единствениот американски безбол играч со македонско потекло. Станува збор за еден од најдобрите безбол играчи во САД, но и покрај тоа многу малку се знае за него во Македонија.
Тој е еден од четворицата професионални играчи кои успеале да направат „гренд-слем хоум ран“, односно хоум ран при првото топче фрлено кон нив во сезоната. Роден е во Њупорт Бич, Калифорнија трета генерација од македонско семејство кое се преселило во САД.
Пораснал во Евергрин, Колорадо, каде играл безбол за своето средно училиште и во универзитетската лига на Арканзас, од каде направил трансфер за професионалната екипа „Вали Скрејперс“ во 2003 година.
Играл и во Големите лиги (МЛБ) за Кливленд Индијанс, Сан Диего Падрес, Оукленд Атлетикс, Рокис Колорадо и Тексас Ренџерс, а сега е тренер во атлетската организација Оукланд. Во 2009 година, постави рекорд во Националната лига, по што им ја донираше бејзбол ракавицата во Куќата на славните.
Бејзболот е една од најпопуларните игри во САД и една од најплатените. А Кузманов освен што е еден од најдобрите во историјата, се проценува дека неговата годишна заработка изнесувала над 5 милиони долари.