Кинезите на Месечината открија минерал што може да се користи како гориво

Кинеските научници пронајдоа нов лунарен минерал во форма на кристал кој бил скриен во примероците собрани на Месечината во 2020 година. Кина е третата земја, по САД и поранешниот Советски Сојуз, која откри нов минерал на небесниот придружник.

Во лунарните базалтни честички кои се испитуваат во лабораториите во Кина, пронајден е минерал на младата месечина. Changesite-(Y), именуван по кинеската митолошка божица на месечината, Chang’e, и е фосфатен минерал и колонообразен кристал.

Откритието го направија истражувачи од Пекинг од Истражувачкиот институт за геологија на ураниум, кои пронајдоа единствен кристал Changesite-(Y) со помош на дифракција на Х-зраци додека ги проучуваа честичките собрани на Месечината.

Комисијата за нови минерали, номенклатура и класификација на Меѓународната минералошка асоцијација потврди дека станува збор за нов минерал, јавуваат кинеските државни медиуми.

Мисијата Chang’e-5, која слета на месечината Oceanus Procellarum во декември 2020 година, беше првата мисија за враќање на примероци од Месечината од 1970-тите.

Мисијата собра 1,73 килограми примероци од лунарната почва и безбедно ги достави на Земјата, што доведе до серија откритија. Кристалите на минералот беа исклучително мали, со големина околу една десетина од прамен човечка коса.

Следната кинеска лунарна мисија, Chang’e-6, се очекува да се обиде да ги собере првите примероци од далечната страна на Месечината што никогаш не гледа на Земјата.
Дали Changesite-(Y) е потенцијален извор на хелиум-3, горивото на иднината

Кинезите тврдат дека новооткриениот минерал содржи хелиум-3, изотоп кој многу научници го прогласија за идеално гориво за реактори со фузија, па затоа откритието на кинеските научници предизвика голем интерес кај геолозите, со оглед на тоа што се верува дека хелиум-3 имаат потенцијал да го променат светот.

Научниците уште од програмата Аполо знаат дека површината на Месечината содржи складишта на хелиум-3. Главната предност на фузијата на хелиум-3 над фузијата со користење на тритиум и деутериум, изотоп на водород, е тоа што не произведува радиоактивни неутрони. Нејзиниот главен недостаток е тоа што постигнувањето на контролирана реакција на фузија со хелиум-3 е многу потешко отколку користењето на повеќе конвенционални горива.

Затоа не е чудно што светските сили развиваат вселенски програми за повторно враќање на Месечината – наука, трговија, но и фалење кои се претвораат во мека политичка моќ. Сепак, откривањето на постоењето на хелиум-3 од страна на кинеските научници сугерира дека Месечината би можела да стане идниот „Персиски залив“ од средината до крајот на 21 век.

 

Scroll to Top