Коби Брајант идната година ќе доби статуа пред салата на Лејкерси

На 8 февруари идната година, екипата на Лос Анџелес Лејкерс ќе ја открие статуата на Коби Брајант пред својата арена во центарот на градот.

Лејкерси објавија дека ќе му оддадат чест на Брајант, четвртиот стрелец во историјата на НБА, кој го носеше дресот на тимот цели 20 години.

Брајант и неговата ќерка Џијана загинаа во хеликоптерска несреќа во јануари 2020 година.

Тој е шестиот поранешен играч на кого му е доделена статуа во таканаречената „Стар Плаза“ пред салата, каде Лејкерси играат од 1999 година. Статуата на Брајант ќе им се придружи на статуите на великаните на Лејкерси, Елгин Бејлор, Шекил О’Нил, Карим Абдул-Џабар, Меџик Џонсон и Џери Вест.

Scroll to Top