Навивачката група Комити, на Камениот мост во Скопје, поставија знаме и му го честитаа роденденот на својот клуб, Вардар.
Инаку навивачката група Комити во моментов управува со клубот, преземајќи ги акциите од екс сопственикот Слободан Крстевски Цобе.
Денеска ФК Вардар, прославува 76. години постоење. Најтрофејниот фудбалски колектив е основан на 22. јули 1947 година.
„76 години борба, пркос и отпор. 76 години ФК Вардар. Мобилизацијата за новата сезона симболично започнува денес. Свесни сме сите, колку долго ја чекавме оваа сезона и колку долго се боревме за овој момент. Затоа, денешната најава од Камениот мост, нека биде порака до секој член на групата. Слушај инструкции, работи за трибината и биди спремен, тоа е се што од тебе се бара. Нека крца трибината – нека се чудат сите“, напишаа на Фејсбук Комити.