Хрватскиот претставник на Евровизија, „Лет 3“, е првиот потврден учесник на 25. издание на фестивалот Таксират, кој ќе се одржи на 7 декември, потврдија од Пасворд продукција.
„Лет 3“ важи за еден од најконтроверзните бендови во регионот, гласните критичари на системот со провокативни текстови и екстравагантни сценски настапи кој се одликува со провокативни текстови и екстравагантни настапи.
Од „Пасворд продукција“ објавија дека продажбата на билети за Таксират 25 почнува утре, по промотивна цена од 500 денари.